Според индексот на пасоши што го изработи финансиската консултантска компанија„ „Артон Кепитол“ државите се рангирани врз основа на тоа во колку држави со нивниот пасош може слободно да се влезе. Македонскиот пасош е рангиран на 33-то место.
Веднаш зад САД и Велика Британија се најдоа Франција, Јужна Кореја и Германија, чии државјани можат да влезат во 145 држави, додека трето место го делат Италија и Шведска.
Србија е малку подобро рангирана од Македонија, на 31 место и нејзините граѓани можат да влезат во 104 земји. Црна Гора е на 35, БиХ на 38, а Албанија на 40. место.
Најмалку пожелни пасоши според овој индекс се Соломонските острови, Мјанмар, Јужен Судан, Сао Томе и Принципе и палестиски територии, со чии пасоши може да се влезе во само 28 држави.