Северина Вучковиќ денешниот ден на својот профил на Instagram мрежата го одбележа со посебна фотографија. Овојпат таа позираше без шминка, а својот природен изглед го испрати и со една интересна порака.
"Биди маж и не се шминкај за Instagram", порачува Северина.
Нејзините обожаватели одлично реагираа на ова нејзино издание.
"Не ставај повеќе на себе ниту трунка шминка, убавице!", "Десет години помлада без шминка!", и уште лавина од други позитивни коментари беа испишани под нејзината фотографија.
Северина повика и на нов Instagram предизвик, па се надева и дека оние похрабрите и ќе го прифатат.
На оние кои сепак не сакаат да се откажат од шминкањето, Северина им даде интересен предлог – потенцирани трепки и црвен кармин. Нешто што никогаш нема да излезе од мода!