Тајниот план на Путин за уништување на Америка: Вака може да ја збрише од лицето на земјата

Според зборовите на рускиот воен аналитичар, Русија со слаб нуклеарен напад на Националниот парк Јелоустоун би активирала супервулкан чија ерупција би ја уништила Америка.

Најдобриот начин за да се нападнат Соединетите Американски Држави е да се изврши нуклеарен напад на националниот парк Јелоустоун, смета Константин Сивков, воен аналитичар, претседател на Академијата за геополитички проблеми во Москва.



Таквиот напад би го активирал супервулканот кој се наоѓа под тој национален парк. Последица на тоа би било исчезнување на Соединетите Американски Држави.

„Геолозите сметаат дека супервулканот кој се наоѓа под Јелоустоун може да еруптира секој момент. Постојат знаци за зголемена активност на вулканот. Доволно е да се изврши послаб нуклеарен напад на тој парк и последиците по САД би биле катастрофални – земјата практично би исчезнала“, рекол Сивков, пишува сајтот Smh.com.au.



Тој додал дека САД има и друга слаба точка, а тоа е Раседот Сан Андреас, кој се наоѓа измеѓу Пацификот и Северноамериканската табла. Тој расед е долг околу 1.300 километри и поминува низ територијата на државата Калифорнија. Нуклеарен напад на тој дел од САД би предизвикал земјотреси и цунами и би нанел катастрофални последици на американската инфраструктура.



Од друга страна, Сивков рекол дека географската положба на Русија ја штити таа земја од предизвикување на евентуални природни катастрофи.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О