Рускиот Гаспром ѝ се закани на Европа: Ќе останете без гас доколу се обидете да го попречите Турскиот тек!

Ова е прв пат рускиот гигант отворено да најавува евентуален апсолутен прекин на испораката на гас.

Гаспром се закани дека целосно ќе го прекине протокот на гас кон Европа доколку Европската унија се обиде да го спречи Турскиот тек, како што направи со Јужниот тек.

"Ќе го направиме тоа доколку не присилат на истото", порачал директорот на Гаспром, Алексеј Милер.

Тој предупредува дека ЕУ едноставно се обидува да ги префрли сите ризици на добавувачите на гас, што создава проблеми за Гаспром.


"Европа мора да даде јасен и категоричен одговор: дали и' треба оваа база на ресурси или не", порачува Милер.

Ова е прв пат рускиот гасен гигант отворено да најавува евентуален тотален прекин на испораката на гас. Според зборовите на експертите, руските власти и раководството на Гаспром порано истакнувале дека никогаш повеќе нема да ги "повредат" договорените обврски за европските клиенти.

Во Европа се појави коалиција на држави кои го поддржуваат Турскиот тек. Помеѓу нив ја нема Бугарија, која од порано, под притисок на Европската комисија, се откажа од изградбата на Јужниот тек.

Како што наведува рускиот бизнис весник "RBC Daily", Дмитриј Баранов, експерт од областа на енегрената, смета дека една од причините на на острите изјави на Гаспром е создавањето на Европската енергетска алијанса. Европските потрошувачи до сега се договараа со добавувачите поединечно, а условите за бизнис беа строго доверливи.

"Ако Европската комисија сака да се воспостави единствена увозна цела на гасот, тоа нема да биде најниската цена по која ние ја снабдуваме Европа", изјавил Баранов.

Гаспром планира до 2019-та година да го прекине транзитот на гас преку Украина. За да го направи тоа, планот беше да се изгради прво Јужен тек, кој под притисок на Брисел пропадна, па сега е во план Турскиот тек.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О