Големо апсење во Куманово, падна ветеран на УЧК и полициски инспектор

Полицијата, во четврток попладне уапси три лица во Куманово, за нелегално поседување оружје и распрскувачки материјали.

Според информациите кои ги пренесуваат медиумите на албански јазик, се работи за Реџеп Реџепи и неговите браќа Шефкет и Шенур, поранешни членови на ОНА и ОВПМБ.

„Алсат-М“ пренесува дека Реџепи и неговото семејство имаат направено значителен придонес во конфликтот во 2001-та година како членови на ОНА.


Акцијата почнала, околу 16 часот, а во неа биле вклучени и специјалните единици и биле извршени претреси во домовите на неколку осомничени лица.

Според родините на приведените, во претресот не било најдено ништо, пренесува„Алсат-М“.

Од МВР најавиле детали за денес.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О