Иранки - нинџа убијци!

Пред три години, "Reuters" бил истеран од Иран откако објавил приказна во која се тврдело дека Техеран подготвува женски одред од професионални убијци, мастери по нинџицу, смртоносна боречка вештина која ја практикувале нинџите.

Таа приказна веднаш го привлекла вниманието на публиката. Читателите ширум светот сакале да дознаат нешто повеќе за таа женска група ирански нинџи. Руски Sputnikнеодамна успеал да воспостави контакт со "познатите" техерански нинџи, и во нивниот тренинг клуб да разговара со главниот тренер, Акбар Фараиј, кој ја открил тајната на овој одред. Приказната кај многумина предизвикала страхопочит.

Се воспоставило дека "нинџицу" не е нова работа во Иран, и дека жените веќе две децении ја тренираат оваа боречка вештина во Техеран. Фараиј е тренер по оваа вештина повеќе од 12 години, пренесува Sputnik.


Режимот и тренингот на нинџите во Иран, не се разликува од тој на нивните колеги ширум светот. Фараиј вели дека патувал во други земји, вклучувајќи ја и Русија, за да разменува искуства со други експерти по оваа боречка вештина.

Тој тренира и мажи и жени. Фараиј вели дека не му е важно дали неговите ученици се мажи или жени, сè додека ја учат древната мудрост и филозофија на вештината.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О