Хуманата македонка чиј пример треба да се следи: Ги дотера сите матурантки од С.О.С. Детско Село

Девојката од овој едиторијал е Емилија Пенова. Таа се погрижи за многуте стајлинзи на познатите за изминатите едиторијали на порталот Точка. Освен за познатите, Емилија помогна сонот на матурантките од С.О.С Детското Село да стане реалност, а тоа е да бидат најубави на матурската ноќ. За својата хумана мисија, модата и трендот ја гледате Емилија во овој едиторијал за порталот Точка, пред фото-објективот на Владимир Георгиев.

“Оваа година се погрижив за стајлингот на матурантките од С.О.С. Детското Село. Тоа го направив затоа што таа рака што дава не се суши. Големи се луѓето со големи срца и така животот едноставно е поубав. Сакам да правам добри дела, да им помагам на оние на кои тоа им е најпотребно. Сите ние можеме да направиме по едно добро дело и така да им го направиме подобар животот на оние кои немаат реална можност за тоа. Не можам да опишам која беше среќата кога матурантките од С.О.С. Детското Село дојдоа да си го одберат својот аутфит за свечената матурска ноќ. Тоа е мал гест од мене, кој многу значи за нив.”



“Идеата да им помогнам на С.О.С Детско Село ми ја даде мојата блиска другарка Евица. Тие фамилијарно помагаат секоја година. Таа, знаејќи ме мене, дека често помагам во различни хуманитарни акции, ми се јави и ме праша, иако одговорот го знаеше од претходно. Тогаш и реков да ги донесе кај мене и ќе ги дотераме во најубавите парчиња и фустани, ќе им купиме штикли, ќе им средиме за шминка и фризура, буквално сакавме да бидат најубави, ништо да не им недостига. Пред некој ден дојдоа кај мене во бутик да видат дали е вистина тоа што им го ветив. Реакциите се повеќе од позитивни.“


“Иако имам свој бутик, не значи дека тоа што го имам во Инфинити го имам и во мојот приватен плакар. Имам доволно парчиња на облека да бидам секој ден различно облечена, а притоа на мене да има исти парчиња кои може да се повторат од претходните денови. Немам комплекси да го носам она што е најново или најмодерно, во тоа им помагам на моите клиентки, а јас си го носам она што мене ми стои и во што јас се чувствувам удобно.”


“Како знам што да одберам за во бутикот...ова прашање ми го поставуваат сите клиенти, пријатели и колеги од овој бизнис. Не можам да одговорам, едноставно знам. Имам чувство за тоа. Кога ќе здогледам некое парче точно знам со што можам да го комбинирам, како тоа ќе изгледа, како ќе се носи. Исто така тоа и го надоградувам цело време. Ги следам сите трендови, читам модни списанија и магазини, истите ги следам на ФБ, Инстаграм. Ревии не пропуштам на интернет, постојано ги следам и пратам. Кога сето тоа ќе се искомбинира и се создава се постигнува тоа за што си предодреден. Голема улога има и мојата сестра која е моден инженер и дел од тимот на Инфинити. Таа е мојот најголем и најискрен критичар.”



“Што е модерно? Тоа што јас го носам (се смее). Сè е модерно, искинати фармерки со големи дупки во комбинација со некоја жоржетна кошула, корсети, глог фустаните сè уште се во тренд како и панталоните, сукњи и комбилизони. Фустаните и блузите со дизни принтови се модерни исто така. Пенсил фустани, сукњи со одлични кроеви за да Ви ги истакнат облините, струкот и истовремено да Ве натераат да се почувствувате секси и женствено.”


“За себе ќе кажам дека сум најчувствителното суштество на оваа планета. Темпераментна и не толку скромна. Во светот на модата сум од кога знам за себе. Со тоа пораснав. Бурдите од баба ми беа моите сликовници. Меѓутоа професионално во овој моден свет сум 3 години. Јас сум академски граѓанин, магистер на наука, но никогаш не помислив дека ќе ја работам таа професија во која го ориентирав моето образование. Завршив со тоа и веднаш го отворив бутик Инфинити, наеднаш се случи сè. Истовремено се запишав на некои курсеви за моден дизајн, се со цел да можам да се снајдам во реализирањето на некоја идеја врз некое парче. Тоа често се случува во пракса сега.”


“За соработката со Владимир Георгиев за овој едиторијал, едноставно не е потребен коментар. Тој е еден од најголемите професионалци во светот на фотографијата. Тоа се гледа од големиот број на модни фотосесии на нашите познати пејачи, водители, глумици, сите облечени во модели на Инфинити. Оваа соработка е беспрекорна, задоволство ми беше да работам со Владо.”


“За мојата линија немам некоја одредена диета или режим. Гени се во прашање. Јадам буквално сè. Не внимавам многу на мојата исхрана. Сите ми се чудат како може да бидам слаба, стегната, а во 5 часот наутро да јадам што сакам. Некогаш мајка природа е во прашање.”


“На косата и кожата посветувам многу внимание. Користам скапа козметика, за тоа не штедам пари. Постојано сум во козметички салони, правам третмани на база на витамини, масажи. Сите сме млади на 20 години, а каква ќе ни биде кожата и лицето на 50 години зависи од негата и времето кое си го посветуваме за тоа.”

“Не се оптеретувам со тоа што носам. Што и да облечам знам да го скоцкам за убаво да изгледа на мене. Секогаш сум препознатлива по мојот стил. Немам конкретна дефиниција за тоа што ќе облечам утре или задутре. Облекувам тоа што го сакам, се средувам и сето тоа надополнето со стил и харизма, изгледа фино.”


“Мојот совет до сите читатели е да ги следат модните правила на Коко Шанел. Таа е мојот водич. Бидете модерни и подарувајте од срце.”

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О