Богатиот Саудиски принц го згрозил светот со својата понуда!

Еден од најбогатите луѓе во светот, со својата понуда ја шокирал и згрозил пошироката светска јавност.

Еден од најбогатите луѓе во светот, саудискиот принц Ал-Валеед бин Талал, се нашол на удар на јавноста откако се дознало дека на пилотите кои го бомбардираат Јемен, им ветил луксузни "Bentley" автомобили.

Eден таков автомобил, во зависност од моделот, во пресек чини околу 200.000 евра.


Својата понуда принцот ја објавил на Твитер, откако Саудиска Арабија прогласила крај на првата фаза од нападите на Хутите во Јемен, пишува BBC.

"Сакам да им се заблагодарам на пилотите кои учествуваа во операцијата во Јемен, и почестен сум што можам да понудам 100 "Бентлија" за 100 саудиски пилоти", стои во пораката на Ал-Валеед бин Талал.



Иако многумина ја подржале неговата дарежливост, надвор од Саудиска Арабија, неговата понуда била оценета како навредлива.

"Сто автомобили за сто пилоти кои фрлаат бомби во Јемен. Но ниеден автомобил за итна помош за болниците кои ги уништиле", одговорил еден жител на Јемен, споделувајќи и фотографија од својот уништен дом.

Оригиналниот Твит на принцот во меѓувреме бил избришан.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О