Таа денес ја завршува својата кариера, а пред 20 години изгледаше токму вака...

Кон почетокот на месец март, бразилскиот магазин Moda Estado објави дека најплатената манекенка на денешницата Жизел Бундхен, се повлекува од пистата. Оваа вест многумина ја дочекаа со неверување, но и самата манекенка потврди дека одлучила да стави точка на нејзината феноменална кариера.

После цели 20 години, жената која ги одбележа последните две децении на модната индустрија се одлучи да му се посвети на семејството и на децата, но таа и понатаму ќе биде присутна во светот на модата.

Присетувајќи се на почетокот на кариерата, убавата бразилска манекенка на својот Instagram профил сподели фотографија на која има само 14 години.

Токму во тоа време Жизел започна да се занимава со манекенство, а покрај фотографијата таа напиша и коментар кои многумина го протолкуваа како простување од манекенството.

- Благодарна сум што ми беше дадена прилика со само 14 години да го започнам ова патување. Денес, после 20 години во оваа индустрија, имам привилегија што можам да изберам кога ќе ја работам својата последна ревија, а повторно да останам во светот на менекенството.



Жизел е дефинитивно една од најпознатите манекенки на сите времиња. Зад себе таа има огромен број на кампањи за најголемите светски модни куќи, а најпозната беше секако како заштитно лице на брендот Victoria’s Secret. Многу пати, во својата две децении долга кариера, таа ги красеше насловните страни на престижните магазини како Vogue, Marie Claire, ELLE и други познати модни магазини.







ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О