Девет изненадувачки факти за Кина

Иако живееме во доба на информации, и истите ни се на дофат на рака благодарение на интернетот, сè уште постојат нешта што не ги знаеме за другите култури во светот. Прочитајте неколку интересни факти за Кина, кои можеби ќе ве изненадат.



1. Дишење на загадениот воздух во Пекинг е еднакво на пушење на една кутија цигари дневно.

2. Тоалетната хартија е измислена во Кина и била достапна само за императорите и нивните семејства.

3. Таканаречените fortune cookies не се кинеска традиција – биле измислени во работник во фабрика за нудли во Сан Франциско.



4. „Алиса во земјата на чудата“ е забранета во Кина. Ова е воведено уште во 1931-та година, бидејќи животните во книгата и анимираниот филм зборувале на јазикот на луѓето.

5. Јајца варени во урина од момчиња е деликатес. Се собира урината од тоалетите во градинките (деца под 10 години) и се користи за варење на јајца. Се верува дека има здравствени придобивки, иако докторите не се согласуваат.

6. Мали иглички се поставуваат на јаките на војниците, за да ги мотивираат да стојат исправено и фокусирано.



7. Се изведуваат околу 13 милиони абортуси годишно. Што просечно би било околу 53.000 дневно.

8. Користат гуски како кучиња-чувари. Гуските имаат одличен слух и се сметаат за интелигентни и храбри, што во Кина се покажале како покорисни од кучиња чувари.



9. Метежот во сообраќајот во Пекинг чини околу 11 милијарди долари. Времето, горивото и штетата на околината пресметани заедно, се еднакви на 11 милијарди долари. Олку чини штетата причинета од метежот во Пекинг на годишно ниво.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О