Исмаил Делија (13) кој во музичкото натпреварување на Пинковите ѕвездички го воодушевил жирито и публиката, кажува дека Бог и црногорскиот бизнисмен Брано Мичуновиќ најмногу му помогнале во кариерата.
Покрај нив голема благодарност им должи и на граѓаните кои му носат облека и чевли за настапите.
Откако во баражот поминал понатаму Исмаил го поздравил Брано Мичуновиќ кој како што кажува постојано му помагал.
„Му се заблагодарив на Брано Мичуновиќ кој ми призна дека сум неговиот фаворит и поради тоа реши да ми погне да напредувам во натпреварувањето. Моето семејство и јас, лично не го познаваме, но преку пријателите од Црногорската културна мрежа се јави кога го погледнал мојот настап на натпреварувањето во моментот кога ја поздравував Црна Гора. После тоа тој се понуди да ми помогне. Исто така се јавуваат голем број на сограѓани кои ми помагаат во облеката за настапите“- кажува Делија.
Исмаил, до неодамна немал професор по музика бидејќи неговите родители немале финансии да го школуваат.
„Како што кажав, Брано ми помогна во моето напредување, бидејќи јас доаѓам од сиромашно семејство. Заслужено дојдов до седмиот круг без никаква помош. Бог ми подарил убав глас а жирито е тука да процени дали знам да пеам или не“- искрено јажува тинејџерот за „Ало“.