Во петокот, „Furious 7“ официјално стана дел од клубот филмови што оствариле заработка над милијарда долари, односно сега е еден од 10-те филмови со најголема заработка во светски рамки. Засега се наоѓа на седмото место (со заработка од 1,1 милијарди долари), но бидејќи е сè уште интересен за публиката, постои можност да се искачи уште погоре и да влезе во топ пет филмови со најголема заработка.
Ова значи дека „Furious 7“ би ја надминал заработката на „Iron Man 3“ од 1,2 милијарди долари, односно заработката на „Frozen“ од 1,3 милијарди долари.