Зошто сакам да присуствувам на SW Skopje
Зошто сакам да присуствувам? Сакам блогирањето во Македонија да се прошири како тренд исто и како во другите земји ширум светот. 'Блогирањето' е начин за да се покажеш пред светот каков навистина си, во зависност од тоа каков тип на блог имаш. Иако сум тинејџер и можеби не се разбирам доволно од 'блогирањето' јас би сакал да слушнам други мислења и да видам кој е дел од "светот" на блогирањето во Македонија и истото да се трудиме да се проширува како тренд. Со шестнаесет години имам информативен блог веќе три години и горд сум на тоа што го имам постигнато, посебно што неодмна ја достигнав мојата цел и достигнав милион посети на платформата Блогер. Се плашам дека како тинејџер ќе се "изгубам" меѓу сите тие искусни блогери на Startup Weekend во Скопје, но решив да пробам и се охрабрив да го пишам истиов пост иако "избегав" подалеку од прашањето зошто би сакал да присуствувам. И за крај: Ви благодарам што организирате ваков прекрасен настан.