Ако мислеше дека твојот фикси е фраерски, ѕирни го Audi Sport Racing Bike. Чини 20.000 долари, тежок е 5,4 килограми и е достапен во лимитирано издание од само 50 примероци.
Велосипедот е изработен од суперлесни јаглеродни влакна - истите кои се користат за Audi R18 e-tron quattro.
Секој примерок од лимитираното издание на овој велосипед има ознака со реден број од 1 до 50.
Велосипедот беше премиерно претставен на 85-тото издание на автомобилскиот саем во Женева, а достапен е кај сите партнери на Audi низ целиот свет.