Жителите на Голберн во Австралија неодамна ги дочекало вистинско изненадување, преку ноќ целиот град бил прекриен од пајажина направена од милиони пајаци.
Овој интересен феномен се случува кога се прави миграција на пајаците при што сите пајаци почнуваат да плетат мрежа создавајќи еден вид на падобран кој ќе им овозможи да се спуштат на нова локација.
Всушност, овој процес постојано се одвива околу нас, но ние не го забележуваме. Според ентомологот Рик Ветер од Универзитетот Калифорнија, процесот им помага на пајаците да минат големи растојанија за многу кратко време.
„Токму затоа има пајаци на секој континент, тие се појавуваат и на Антарктикот, но таму умираат поради суровите услови за живот“, вели професорот.
Интересно е што „дождот“ од пајаци досега е забележен во Нов Јужен Велс, Тексас и Бразил.