(ВИДЕО) Во контра-кампот: „Не работам, технолошки вишок сум, ама Груевски ја препороди државата, верувајте“

Со поддршка за власта веќе два дена група граѓани кампуваат пред Собранието. Овој човек – вели дека владата на Никола Груевски ја препородила Македонија. Иако, тој една година е без работа сепак се надева дека повторно ќе се вработи, пренесува Алсат-М.

„За овие девет години државата се препороди, верувајте“, изјави еден од камперите пред Собранието.

Истиот кампер на прашањето дали работи вели: „Не. Технолошки вишок сум.“

Од која фирма? „Од железара.“

Кога останавте без работа? „ Една година сум без работа.“

Како живеете без работа? „Тешко е жената ми работи, еден работи, крај со крај врзуваме.Тешко е.

Жена Ви има добра плата? „Слаба плата има. Технички персонал во Суд работи, слаба плата има“.

„Не може ние да се мериме со Европа, каде минимална плата 1200 евра па нагоре. Се знае како е на Балканот. Јас мислам дека квалитетот што го нуди премиерот е доста добар и да продолжи“, рече еден од камперите пред Собранието.

„Добро се живее, благодарение на оваа Влада, гради и на луѓето им овозможува“, вели еден од камперите пред Собранието.

Ги прашавме дали ги слушнале „бомбите“ на опозицијата, и што ако се покаже дека имало криминал во редовите на функционерите на владата?

„Криминал не бранам, ама ако се покаже нема каење тоа е…? За криминалот не застанувам, ама сум се решил и одам до крај, изјави еден од камперите пред Собранието.

„Никогаш не би се покајал да дадам поддршка на Никола Груевски. Никогаш. Јас сметам дека нема криминал“, изјави еден од камперите пред Собранието.

На другата страна пак, пред зградата на владата – неколку стотини граѓани веќе трет ден спијат во шаторите и бараат оставки.


„Да си замине Грувески. Народот гладува. Во него се парите, во него е власта. Ете таму кампуваат, имаат неколку шатори кај Собранието. Платени се им дава пари. Шатори имаат, а немаат луѓе. А ние сме тука со душа и срце, никој не нè присилува“, кажа една од жените кои спие пред зградата на Владата.

„Тука сме за да падне оваа влада. Јас лично сакам да падне Али Ахмети сосе Груевски и целата нивна гарнитура. Ова не се трпи повеќе.“, изјави еден од присутните пред зградата на Владата.

А секој шатор има свое име, од „Плац на водно“, преку „Мерцедес за 600.000 евра“, „Ало началниче“ или „Шу праиш“. Граѓаните велат, токму тие имиња на шаторите потсетуваат на криминалот на власата поради кој треба да си замине.

„Тука сме за подобро утре, за ништо друго, само за подобро утре“ , изјави едено младо момче кое кампува пред Владата.

„Додека дотичниот не даде оставка“, додаде една од жените кои кампуваат пред Владата.

Денеска пред зградата на Владата се поставуваа и нови шатори, а присутни се граѓани од повеќе етнички заедници.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О