Џенифер Лопез во сексапилни костими за капење

Џенифер Лопез го разголи своето тело во сексапилни костими за капење за списанието „Us Weekly“. 45-годишната пејачка беше ангажирана за изданието „Best Bodies“, како една од славните ѕвезди со најдобро тело.

Фотографиите се дело на Џо Паглиша.





Во интервјуто за списанието, Лопез изјавила дека сега е во подобра форма, отколку што била во своите 20-ти години. „Гледам фотографија од себе во своите дваесетти години и си велам: Ох, сега изгледам подобро“ – рекла таа.

Енергичната музичка ѕвезда изјавила и дека не треба да се натпреваруваме со други луѓе, туку едноставно да се покажуваме себеси во најдобро светло. „Се чувствувам секси, се чувствувам млада, понекогаш се чувствувам убава, а понекогаш не толку убава. Сметам дека сликата за здраво тело доаѓа од тоа да бидеш своја најдобра верзија, а не да се натпреваруваш со некој друг. Знаете, не сум модел висок 180 сантиметри... не носам конфекциски број 36. Сметам дека треба да се фокусираме на себе и да бидеме најдобри што можеме“ – додала Лопез.





ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О