Месечен хороскоп – Мај

Овен

Кариера и пари: Сонцето ќе премине во куќата на пари во овен во првите две недели од мај, што значи подобрување на финансиската состојба. Венера, која е истоа така лоцирана во овен, може да ви донесе многу подароци или други привилегии. На професионално поле, овој месец ќе биде доста активен.

Здравје: Стресот ќе ви претставува товар, но присуството на Венера во овен ќе ви помогне да гледате подобро на работите. Бидете внимателни, бидејќи ризикот од несреќи и разни инциденти ќе биде висок овој месец.

Љубов: На 3ти мај Венера ќе влезе во овен и че остане до крајот на месецот (29 мај). Со Венера на ваша страна, вашето срце ќе биде топло, врската со партнерот ќе ви биде пријатна, Исто така, ќе посветите внимание на вашиот изглед повеќе отколку порано. Доколку не сте во врска, бидете подготвени за многу пријатни изненадувања.

Совет: Фокусирајте се на сегашноста, минатото е зад вас.

Бик

Kaриера и пари: Сонцето, кое ќе биде лоцирано во бик, ќе ви ја зголеми виталноста и самодовербата и ќе оставите добар впечаток на сите. Овој месец ќе носите правилни одлуки на професионално поле, а тоа ќе ви ја подобри и финансиската состојба. Можно е службено патување.

Здравје: Овој месец ќе имате повеќе сила и ќе се чувствувате енергично. Но, сепак, бидете внимателни, бидејќи можни се и сезонски настинки. Состојбата ќе се подобри во вториот дел од месецот.

Љубов: Марс, кој ќе биде лоциран овој месец во бик, ќе ви донесе многу причини за засоволство. Доколку не сте во врска, ќе имате можност месецов да го смените тоа, со тајна врска на почетокот. А доколку се во врска, тогаш очекувајте зацврстување на и онака цврстата врска која ја имате.

Совет: Забавувајте се што е можно повеќе!

Близнаци

Кариера и пари: Ова е месец кој ќе ви се допадне од професионална перспектива. Најчесто, месецов ќе бидете зафатени и ќе работите со полна пареа, но на крај парите ќе дојдат до вас, па ќе го имате задоволството да уживате после вложениот напор и труд. Во последната недела од мај ќе можете најдобро да се организирате и да ги избалансирате обврските.

Здравје: Планетата Меркур, која ќе биде лоцирана во близнаци, ќе ви донесе дополнителна енергија. Внимавајте на болестите кои кружат околу вас и обрнете повеќе внимание на личната хигиена.

Љубов: Ве очекуваат интересни, но сепак не толку романтични моменти овој месец. Врската со партнерот може фа ви биде пријатна и удобна. За оние кои не се во врска, ќе имаат можност да одат на многу забави и ќе имаат можност да запознаат некоја нова личност со која ќе започнат љубовна романса.

Совет: Возете почесто велосипед.

Рак

Kариера и пари: Овој месец ќе имате можност да присуствувате на неколку важни социјални настани кои ќе влијаат на подобрувањето на вашата кариера. Но, сепак, не сите ќе бидат среќни за вашите успеси. Некој ќе зборува за вас позади вашиот грб, но потрудете се да ги занемарите тие коментари. Што се однесува до парите, планетата Јупитер ќе се погрижи да имате сѐ што ви е потребно.

Здравје: Во првите две недели од мај ќе бидете во добра форма и ќе се чувствувате енергично, но морате да внимавате на стресот. Во последната недела од мај вашата енергија ќе се намали, па потрудете се да најдете начин да ја вратите изгубената енергија.

Љубов: На љубовно поле, ситуацијата ќе биде стабилна. Но, можеби ќе поминете низ моменти во кои вие и вашиот партнер ќе имате различни размислувања. Од друга страна, ќе имате и многу моменти во кои ќе ја искажувате вашата страст. Оние кои се сингл, можеби нема да влезат во врска месецов, но затоа ги очекуваат многу љубовни авантури.

Совет: Бидете трпеливи со вашите пријатели.

Лав

Кариера и пари: Овој месец ќе имате големи амбиции и ќе чувствувате потреба за успех. Финансиски, мај е доста оптимистичен. Планетата Меркур ќе биде во одлична позиција, па шансите за добра заработка ќе ви бидат загарантирани. Ќе бидете посебно успешни во тимската работа.

Здравје: Мај може да ви донесе мали проблеми со здравјето, затоа внимавајте на вашата исхрана и пијте повеќе течности. Не вложувајте премногу напор и избегнувајте ги работите кои ви предизвикуваат стрес.

Љубов: Оние коие се во врска може да почувствуваат дистанцирање од партнерот, но тоа ќе трае само краток период од месецот. Од друга страна, оние кои не се во врска ги очекуваат многу пријатни изненадувања, па кој знае можеби и неочекувано ќе влезат во врска.

Совет: Бидете внимателни додека патувате.

Девица

Kaриера и пари: Меркур, водачот на девица, овој месец ќе биде лоциран во куќата на кариерата. Тоа ќе ви донесе дополнителна амбиција и желба за истакнување. Тоа во секој случај е добро за вашата финансиска состојба.

Здравје: Избегнувајте го кревањето на тешки предмети и работите кои ве изложуваат на стрес. Внимавајте на сезонските настинки.

Љубов: Овој месец, планетата Јупитер ќе се погрижи за вашите романтични моменти, а и во дадени ситуации ќе ви даде храброст да го направите првиот чекор. Не двоумете се многу, прифаќајте ги понудите за состанок од личностите кои ви се допааѓаат.

Совет: Соочете се со проблемите.

Вага

Кариера и пари: Maj ветува креативно исполнување од професионален аспект. Ќе имате оригинални и иновативни идеи со кои ќе ги промовирате вашите замисли. Последната недела од мај ќе ви биде најперспективна и со најмногу успеси.

Здравје: Во првите две недели од мај, внимавајте на настинките кои демнат. Во последната недела очекувајте виталноста да ви се врати, бидејќи планетата Марс – планетата на енергијата, ќе биде лоцирана во вага.

Љубов: Добри вести! На 3ти мај Венера ќе влезе во вага и во куќата на паровите, и ќе остане сѐ до 29ти. Доколку не сте во врска, ова е дефинитивно најдобриот период да ви се насмевне среќата, а доколку сте во врска, веројатно ќе имате пријатен однос со партнерот. Но, внимавајте, кон крајот на месецот можат да се случат работи за кои не очекувате.

Совет: Избегнувајте да донесувате важни одлуки во првите две недели од мај.

Шкорпија

Kaриера и пари: Фокусирајте се на соработката со вашите колеги. Овој месец тимската работа ќе ви биде од големо значење. Одете на што повеќе важни настани од професионален аспект, на кои ќе запознаете личности кои ќе ви помогнат во кариерата. Што се однесува на финансиската состојба, овој месец нема да ви недостига ништо.

Здравје: Треба да му обрнете големо влијание на здравјето. Сезонските настинки сѐ уште не престанале. Затоа, направете сѐ што можете за да се заштитите и секако внесувајте поздрава храна.

Љубов: Овој месец ќе биде од голема важност за врските на шкорпиите: Сонцето ќе помине низ куќата на паровите на шкорпија, што значи дека ќе ја зголеми потребата да бидете со некој. Во овој период ќе ја имате способноста да го разберете вашиот партнер, повеќе од обично. Доколку не сте во врска, ќе имате можност да запизнаете некоја личниост во околината во која работите

Совет: Социјализирајте се, споделувајте впечатоци, правете работи со другите луѓе!

Стрелец

Kaриера и пари: Првите две недели од овој месец ќе ви бидат активни на професионално поле, благодарение на Сонцето, кое ќе биде лоцирано во стрелец во куќата на работата. Планетата Меркура исто така добро ќе се покаже. Ќе биде во многу јака позиција, што ветува успех. Од финансиски аспект, месецов ќе поминете добро, доколку паметно ги трошите парите.

Здравје: Внесувајте повеќе витамини, бидејќи така ќе ви се подобри имунитетот. Исто така, секое слободно време користете го за рекреација, која ќе ви даде дополнителна енергија.

Љубов: Планетата Венера ќе премине во куќата на љубовта и еротиката, што значи дека мај ќе биде многу сензуален месец и полн со атрактивни понуди. Венера е водач на љубовта, задоволствата и среќата. Исто така, ќе ви помогне да ја подобрите комникацијата со партнерот. За оние кои не се во врска, овој месец ќе им донесе многу сплет на околности и пресврти. Очекувајте го неочекуваното!

Совет: Обновете ги пријателствата со старите пријатели.

Јарец

Кариера и пари: Ве очекува период исполнет со многу работни обврски и многу нови проекти, па затоа за вас би било добро да работите со полна пареа. Ова ќе биде еден турбулентен месец, во кој покрај обврските ќе преовладуваат и конфликтите со претпоставените.

Здравје: Ќе бидете во прилично добра форма, што значи дека ќе имате многу енергија. Втората недела од мај може да ви донесе некои медицински решенија, во случај да ви требаат. Одете редовно на рутински прегледи.
Љубов: Овој месец ќе бидете многу емотивни и ќе сакате врска која нуди стабилност. Можеби треба да поразговарате со вашиот партнер за да живеете заедно, бидејќи така ќе се чувствувате поисполнето.

Совет: Релаксирајте се со спорт и други рекреативни работи.

Водолија

Kaриера и пари: Овој месец ќе имате нови, креативни и генијални планови во врска со некои нови проекти. Вашата кариера ќе оди во нагорна линија, што значи дека и финансиски ќе немате скоро никаков проблем. Исто така, добро би било да ги искористите талентите кои ги поседувате и да ги покажете на другите луѓе.

Здравје: Во главно, овој месец ќе бидете во добра форма, но не претерувајте со вежбањето. Понекогаш, помалку е повеќе. Во последната недела од мај, можно е да чувстувате тегоби во стомакот.

Љубов: Првата недела од мај ќе биде прилично мирна. На 7ми мај, Меркур ќе влезе во куќата на љубовта и романсата и ситуацијата ќе се подобри. Ќе добиете неколку понуди од личности од спротивниот пол, па зошто да не ги прифатите? Експериментирајте!

Совет: Време е за чистење на вашиот дом!

Риби

Kaриера и пари: Она што е пред вас, е прилично активен период, исполнет со состаноци и патувања. Првата недела од мај ќе биде поволна за пишување, калкулирање, преговарање и држење говори. Ова е исто така добар месец за инвестирање во недвижнини.

Здравје: Бидете внимателни во врска со сезонските настинки, посебно во првиот дел од месецот. Негрижата, како и нехигиената исто така можат да ви донесат проблеми со здравјето.

Љубов: Ова ќе биде еден посебно стабилен месец, во кој ќе ја сакате удобноста и сигурноста. Доколку сте во ситуација да бирате партнер, овој месец ќе имате можност да го направите вистинскиот избор. Доколку сте во врска, добро би ви дошло едно патување со партнерот, кое ќе ве одалечи од секојдневните проблеми.

Совет: Внимателно трошете ги парите.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О