Членовите на руската комунистичка партија, денес, по повод 1. мај, го одржале традиционалниот марш во Санкт Петербург.
Тие носеле плакати со ликот на американскиот претседател Барак Обама, кој во раката држи пиштол, а покрај него биле напишани имињата на повеќе држави - Југославија, Ирак, Сирија и Либија, со крвави дамки.
Потсетуваме, за време на бомбардирањето на СРЈ, американски претседател бил Бил Клинтон. Мандатот на Обама започнал на 20. јануари 2009. година.
Во Русија на 1. мај се одржува Празникот на пролетта и работата, и биле одржани масовни митинзи за социјална правда и концерти.
Според полицијата, на митинзите имало околу 140.000 луѓе.
Учесниците на манифестациите, меѓу другото, барале зголемување на минималниот износ на платите, осигурување на безбедноста на работата, гасење на долговите на работниците...