Швајцарија - Тоа што е окружена со планински венци, на Швајцарија ѝ овозможило долго да одолева на инвазии. Во 19-от век бил усвоен одбранбен план за користење на Алпите како блокада против освојувачите. Овој план овозможил изградба на тврдини во алпскиот регион и продолжил и по Втората светска војна, кога опасноста од Советска инвазија била голема.
Швајцарската војска со жица поврзала цели планини и инфраструктура како патишта и мостови, за да ги крене во воздух во случај на инвазија, за на освојувачите да им го отежне влезот во земјата. Покрај тоа, голем број тунели, бункери и тврдини биле изградени внатре во планините, кои се во состојба да примат комплетна домашна воена дивизија.
Иако Швајцарија има околу 150.000 луѓе во активната воена служба, во случај на инвазија на располагање може да се стават речиси 4 милиони граѓани, заедно со уште три милиони подготвени за служба.
Нов Зеланд - Најблиската копнена маса му е на околу 2.250 километри од Австралија, која и самата не е блиску до Азија и до било кој друг континент. Голем проблем би бил таму да се одведат трупи или нешто друго. Австралија е добар кандидат од слични причини, помалку е изолирана, но има поголема копнена маса. Да се започне инвазија на Австралија би било полесно, но било тешко да се заврши.
Првото место, кога станува збор за непристапност, го држи Исланд. Не само дека се наоѓа на сред северен Атлантик, туку и нема никакви поголеми пристаништа. Покрај тоа, пејзажот на Исланд е исполнет со планини, полиња покриени со лава и глечери.
Русија - Како што историјата веќе докажала, најтешка за освојување е Русија. Самата големина на нејзината територија би ја направила евентуалната инвазија невозможна - помислете само на логистиката која е потребна.
Покрај тоа, климата варира од претопла за време на летото, до премногу студена во време на зимата. Секако, не треба да се заборави пејзажот кој вклучува планини, шуми и голем број на реки.
Покрај тоа, тука се и Русите кои војувале и воделе герилски борби илјадници години. Ниедна војска не е доволно голема да ја држи руската територија под контрола.