Снимка на "NASA" открива огромна тајна - и тоа не од вселената туку од Земјата!

Во Атлантскиот Океан се откриени места т.н. "мртви зони" во кои речиси и да нема кислород во водата. Овие зону за прв пат ги забележал тим од германски и канадски морски биолози.

Слични мртви зони се откриени и порано, но разликата е во тоа што тие се откривани во близина на источниот и јужниот брег на САД и во Балтичко море. Ова е прв пат да се откријат мртви зони на отворен океан.

"Станува збор за зони во кои речиси и да нема кислород во водата коиизнесуваат и до 100 квадратни километри површина", објаснуваат научниците во студијата објавена во списанието Biogeosciences. Овие точки на океанот се во постојано движење и се менуваат со годишните времиња.

Една од најголемите се формира секоја година во Заливот на Мексико. Процесот кој го предизвикува нивното формирање вклучува богатство нутриенти и микроорганизми кои се наоѓаат во истата област во исто време. Станува збор за цикличен процес во кој нутриентите се храна за алгите кои потоа ги јадат микроорганизмите.


Овој процес произведува отпад, кој потоа го конзумираат други микроби, а целиот овој наведен процес всушност троши огромни количини на кислород и на тој начин создава "џебови" без кислород во океанот.

Научниците откриле дека овие мртви зони во океанот се "маскирани" како вртлози видливи од воздухот. Нивниот интензитет зависи од брзината на вртлогот, хемиската концентрација, временските услови и ротацијата на Земјата.

Научниците исто така се загрижени дека постоењето на мртвите зони, дури и во средината на Атлантикот, може да имаат влијание врз луѓето кои живеат на копно, најмногу во Кејп Верде, бидејќи би можеле да предизвикаат смрт на рибите кои се главна храна на овдешното население.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О