(ВИДЕО) „Господ да ве убие“ им викаа граѓаните на пратениците на ДУИ во Куманово
Двајцата пратеници на ДУИ од Куманово, Мерван Џемаили и Реџаил Исмаили, имаа средба со гневното население.
Пратениците апелираа за смиреност, на што граѓаните побараа од нив итно да се евакуира цивилното население, бидејќи ситуацијата е многу опасна и напната.
Не недостасуваа навреди и псовки кон двајцата пратеници, при што граѓаните ги обвинуваа за предавство на Албанците.
- Allahu ju vraft (Господ да ве убие) – извикуваа граѓаните.