Совети и мисли од експертот за преживување Бер Грилс

Бер Грилс (40) е човек кој претставува инспирација за многумина. Поранешниот војник кој многу пати бил на работ на смртта, а во еден момент од животот доживеал незгоден пад со падобран кој за малку ќе го оставел доживотно парализиран, денес е личност со завидна кариера. Грилс успеа да ги надмине сите предизвици и стана едно од најпрепознатливите лица на денешницата.



Досега тој има создадено неколку емисии во кои дели совети за преживување во сурови услови, а во еден од неодамнешните проекти насловен „Running Wild with Bear Grylls“, со себе поведе славни личности како Бен Стилер, Ченинг Тејтум и Зак Ефрон кои ги соочи со тешки предизвици.

Во продолжение неколку мисли од човекот кој претставува мотивација за многумина.

1. Ако не ризикувате, ништо нема да добиете.

2. Никогаш не се потпирајте на моментите на среќа, тие се подарок. Наместо тоа, секогаш имајте создадено сопствен резервен план.

3. Ако пронајдете пат на кој не се наоѓаат пречки, тогаш тој пат веројатно не води никаде.

4. Соништата се евтини, а вистинската задача следува кога почнувате да ги правите чекорите неопходни за тие соништа да станат реалност.

5. Опстанокот може да се сублимира во следниве зборови – никогаш не се откажувај. Навистина тоа е суштината. Едноставно продолжете да се обидувате.

6. Правилата за преживување никогаш не се менуваат – без разлика дали се наоѓате во пустина или арена.

7. Храброста не значи отсуство на страв. Да се биде храбар значи да го чувствувате стравот, но да најдете начин да минете преку сето тоа.

8. Преживувањето бара од нас да си ги оставиме предрасудите дома. Треба да направите се што е потребно и на крајот оние што имаат најголемо срце ќе победат.

9. Не можете да живеете водејќи се според туѓите очекувања. Тоа е рецепт за катастрофа.

10. Се наоѓате во неволја. Па, не сте први, а сигурно нема да бидете ни последни, затоа имајте верба и зачувајте ја надежта. Дали ќе преживеете или не во голема мера зависи од вас – од вашиот став и постапки.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О