Да – беше одговорот на Ахмети, на прашањето на водителот на Клан ТВ, дали тој ги смета аудио-снимките од Бомбите на Заев за автентични.
Според лидерот на ДУИ, Али Ахмети, телефонските разговори кои ги објавува опозицијата, односно лидерот на СДСМ, Зоран Заев се оригинални, автентични и не се манипулирани.
Тој во интервју за емисијата Opinion која се емитува на ТВ Клан, на прашањето на новинарот Бленди Февзиу дали снимките се автентични, одговора потврдно, нагласувајќи дека што се однесува на функционерите од ДУИ на овие снимки, кој згрешил ке одговара за тоа.
Ахмети е актуелен во странските медиуми во однос на политичката криза, откако за германски и австриски весници, рече дека неговата ДУИ во моментов не излегува од владата бидејќи политичката криза во Македонија, само би се влошила со таквиот потег на неговата партија.