Во Стразбург се водела "искрена дискусија" помеѓу Груевски и Заев


По десет часа преговори помеѓу Никола Груевски и Зоран Заев во Стразбург, тројцата пратеници олеснувачи од Европскиот парламент (ЕП) - Едвард Кукан, Ричард Ховит и Иво Вајгл - испратија кусо соопштение во кое се поздравува "искрената дискусија" која во Страбург се водела изминатата ноќ. Овие разговори помеѓу лидерите ќе продолжат.

"Во контекст на разговорите кои се во тек, премиерот Николан Груевски и лидерот на главната опозициска партија Зоран Заев, се сретнаа со Иво Вајгл, Евдард Кукан, Ричард Ховит и комесарот Јоханес Хан во Стразбург на 19-20 мај 2015 година.

Пратениците и комесарот Хан ги поздравуваат напорите на лидерите на партии да работат кон договор во интерес на сите граѓани на земјата и да се решат предизвиците кои произлегуваат од кризата во согласност со европските стандарди.

Партиите ја потврдија нивната определба за ЕУ интеграција и демократските принципи и се согласија дека на прво место мораат да ги стават интересите на земјата.

Пратениците и комесарот Хан ја поздравија искрената дискусија околу клучните теми на несогласувањата. Сите страни се согласија дека е важно да се имаат понатамошни состаноци", вели соопштението на тројцата пратеници.

Според изворите на НОВА на средбата во Стразбург присуствувале од ВМРО-ДПМНЕ Сашо Мијалков, Никола Тодоров, Мартин Протугер и Никола Попоски додека од страната на СДСМ лидерот го придружувала Рената Дескоска.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О