Општина Центар ги забрани градбите до крај на септември


Во општина Центар нема да може да се градат градби, односно да се изведуваат градежни работи и тоа на територија помеѓу булеварот Мито Хаџивасилев Јасмин и улиците Кочо Рацин, 11 Октомври и улица Македонија.

Ваква одлука донесе општина Центар на вонредна седница на која со мнозинство гласови донесе одлука и определи времен период во текот на оваа календарска година, во кој не може да се градат градби.

Ова се однесува на периодот од 23 мај до 30 септември.

На седницата не присуствуваа советниците од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О