Роднините на загинатите терористи треба да дојдат во Македонија да ги идентификуваат


Министерството за надворешни работи ја известило косовската амбасада во Скопје дека е завршена обдукцијата на телата на деветмината косовски Албанци кои беа убиени во акцијата во Куманово.

Од МНР за Макфакс велат дека телата ќе бидат транспортирани во Косово согласно прописите.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по добивање на известувањето за идентификацијата на починатите лица при полициската акција во Куманово, го известила Министерството за правда.

„Со оглед дека меѓу починатите лица се работи и за странски државјани, според процедурите Министерството за правда известувањето треба да го достави до Министерството за надворешни работи кое е надлежно да стапи во контакт со Амбасадата на Косово во Република Македонија. Амбасадата на Косово во Република Македонија потребно е да достави информации за лицата кои ќе дојдат да ги идентификуваат починатите на лице место и да ги подигнат нивните тела, по што истите ќе бидат соодветно проследени до граничниот премин“ објаснуваат од Обвинителството.

Семејствата на припадниците на вооружената група кои беа убиени во судирите во Куманово во средата излегоа на протест пред владата на Косово и побараа Македонија да им ги предаде телата на нивните роднини.

Братот на убиениот Мирсад Ндрецај рече дека неговиот брат отишол во Македонија да се бори за правата на Албанците, а не за пари.

Според него, нивните браќа ги издал лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Во судирите во Куманово меѓу македонската полиција и вооружената гурпа загинаа осум полицајци и десетмина припадници на вооружената група.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О