Фудбалска Турција на нозе: Дали голманот намерно прими гол по шутот на Снајдер?

Натпреварот од 32 коло на турското фудбалско првенство меѓу Галатасарај и Генчлербирлиги заврши со 1-0 но привлече многу внимание кај фудбалската јавност во Турција. Фановите на ривалскиот клуб Фенербахче, со кој Галатасарај се бори за титулата, се прашуваат дали дуелот е наместен, а голот намерно пуштен да влезе.



Единствениот погодок го постигна Весли Снајдер во 67 минута, а снимката покажува како голманот Фарат Каплан, откако се фрла по топката, ја повлекува раката место да се обиде да ја одбрани.

Во турското првенство има уште две кола, а Галатасарај има 73 поени, три повеќе од Фенербахче.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О