"Кралот на харингите", чиј латински назив гласи Regalecus glesne, претставува еден од вистинските џинови кои живеат во морските длабочини и за кои научниците навистина зачудувачки многу малку знаат. Неодамна токму еден ваков примерок беше забележан на крајбрежјето во Арамоана, во Нов Зеланд.
Стручњаците од Музејот Отаго земале примерок од рибата, бидејќи поради нејзината големина не можеле целосно да ја сочуваат. Од неа ги извадиле репродуктивните органи, црниот дроб и дел од мускулното ткиво поради генетска анализа.
Старите легенди пак велат дека оваа риба најавува земјотрес, а мистеријата се продлабочува со фактот дека таа исчезнала набрзо откако била откриена. Сепак, стручњаците сметаат дека ја однела плимата, бидејќи нејзиното месо е желатинесто и таа не се препорачува за исхрана.
Овие морски џинови имаат бизарна склоност да ампутираат делови од сопственото тело, што се случува повеќе пати во текот на нивниот живот и сето тоа не влијае врз нивните витални органи. Сепак, тие не ја одгризуваат својата опашка, туку ја отфрлаат, како што тоа го прават и гуштерите.
Погледнете: