Јелена Ноура Хадид, како што гласи нејзиното вистинско име, кон крајот на месец април го прослави својот 20-ти роденден. Таа има навистина малку години, но досега успеа да постигне навистина големи успеси, а помеѓу останатото, таа ги красеше страниците на "Sports Illustrated", "VMAN", "ELLE", "Grazia", "Cleo" и "Vogue".
Гиги Хадид е родена во Лос Анџелес, а после завршувањето на средното училиште се преселила во Њујорк каде ја започнала нејзината манекенска кариера.
Пред четири години таа стана членка на агенцијата IMG Models после што следеа кампањите за Tom Ford и поризрањето за календарот на Pirelli.