Фудбалерот на белгискиот прволигаш Локерен, Грегори Мертенс (24), почина денеска во болница откако пред три дена доживеа срцев удар на натпревар на резервните тимови, јави агенцијата Белга.
Мертенс ја загуби свеста откако на теренот помина 20 минути, а по пружената помош и обидите за реанимација беше префрлен во болница, но лекарите не можеа да му помогнат.
Мертенс кариерата ја започна во Андерлехт, а во Локерен дојде во јануари 2014 година од Серкл Бриж. Како перспективен фудбалер играше за речиси сите помлади состави на белгиската репрезентација.