Најавуваат дека бојкотот на наставата ќе продолжи и по празниците.
Хелсиншкиот комитет и Првата детска амбасада во светот - Меѓаши, како организации кои со свои претставници беа присутни на вчерашната средба, реагираат на несоодветниот начин на кој биле третирани претставниците на Средношколскиот пленум од страна на високите државни функционери.
„Поставувајќи се од позиција на моќ, министерот и заменик министерот за образование и наука и вице премиерот Владимир Пешевски, се обидоа да го дискредитираат Средношколскиот пленум со поигрувања на поими како „легитимитет“ и „репрезентативност“; „малцинство/мнозинство“ како и претставување на претставничката демократија (делегирање на моќ преку избори) како единствениот начин на демократско делување. Според прашањата и коментарите беше прилично јасно дека Власта не знае како да се носи со хоризонтални структури кои користат начини на делување на директна демократија. Беа чести реторичките прашања и коментари како: „Кои сте вие?“ „Не може во име на сите ученици да зборувате“, се вели во реакцијата на Хелсиншкиот комитет.
„Владата и МОН донесоа конечен став годинава матурскиот испит да се полага по стариот концепт, односно математика да не се полага и да нема електронско тестирање. За екстерното тестирање ќе нема измени оваа година, но ќе се формираат работни групи кои ќе работат на негово усовршување“, рече вицепремиерот Владимир Пешевски.
Средношколците велат дека и покрај ваквиот став на претставниците на власта, тие ќе продолжат да го изразуваат незадоволството од реформите во образованието.