Еден возач имал повеќе среќа отколку памет кога заспал зад воланот на својот Форд Мустанг. Всушност тој од непознати причини изгубил свест за време на возењето и за влакно ја избегнал смртта.
Тој прво по некое чудо го избегнува столбот, поминува преку оградата, а потоа ги избегнува и сите автомобили кои му одат во пресрет. Автомобилот потоа сам свртува кон чистинка и застанува.
Возачот (26) ова видео од безбедносната камера на автомобилот го објавил на Јутјуб и напишал дека никогаш во животот до сега не му се случило да се онесвести. Исто така истакнал дека Мустангот му е нов и дека прилично го оштетил во овој за малку несреќен случај.
"Навистина, имав многу среќа, не сакам ни да помислам што би ми се случило. Доволно е страшно тоа што се освестив на сред ливада, а притоа немав поим како сум стигнал до таму."