Рускиот претседател Владимир Путин, рекол дека одлуката на лидерите на западните земји да не дојдат на парадата за Денот на победата, е нивен избор и одлука.
"Мислам дека прашањата за политичката состојба се помалку важни од основните кои се во врска со одржувањето на глобалниот мир и превенција од повторување на катастрофите, ако Втората светска војна ја гледаме како катастрофа", рекол Путин по разговорот со германската канцеларка Ангела Меркел.
Меркел е една од лидерите на земјите од ЕУ, кои не сакале да бидат во Москва на 9-ти мај, на воената парада, но таа сепак во престолнината на Русија пристигнала еден ден подоцна, се состанала со Путин и оддала почит на милионите советски војници и цивили кои настрадале во Втората светска војна.
Путин истакнал дека на 9-ти мај се состанал со ветераните од САД, Велика Британија, Полска и другите земји.
"Тие беа главни учесници на прославата, а јас сум многу среќен што тие беа со нас", рекол Путин.