Матурантка од Подгорица со нејзиниот гест го воодушеви целиот регион


Убавата матурантка Сара Стијеповиќ од Подгорица стана хит на интернет не поради својот елегантен изглед, туку поради преголемото срце које го покажала заминувајќи на матурската вечер со другар кој бил параплегичар.

Оваа девојка со мал знак на внимание, му ја разубавила вечерта на едно болно момче и им докажала на сите дека изгледот воопшто не е пресуден, туку големото срце.

Сара пред неколку дена на својот профил на Фејсбук објавила слика од матурската вечер на која е во друштво со нејзиниот другар кој е во инвалидска количка. Над сликата гордо напишала „придружник“ и покрај коментарот ставила срце, пишува 24sata.rs.


Нејзиниот великодушен гест брзо се прошири по интернет, па Сара на својата матурска фотографија за само неколку дена добила околу 39.000 „лајкови“ и многу коментари на поддршка и голема почит од целиот регион.


Убавата матурантка со ова покажа дека лајкови не се добиваат само ако на матуската вечер облечеш што потесно и пократко фустанче, туку е доволно да бидеш убав одвнатре. А тоа секој ќе знае да го препознае и пофали.

Браво Сара, и за тебе и за твојот придружник!

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О