Метеоролозите предупредуваат: Големо невреме доаѓа на Балканот идната седмица!

Најголемо количество на врнежи се очекува во сабота навечер. Доколку сте планирале да го минете викендот во природа или на отворено, размислете повторно.

Променливото време не престанува да го изненадува целото балканско подрачје, па така по неколку "пеколно" топли денови, доаѓаат силни врнежи проследени со грмотевици и обилни дождови, пренесува Telegraf.rs.



Според прогнозите на метеоролозите, Балканот го очекува уште еден студен бран, со врнежи за време на викендот. Покрај Балканот, погодени ќе бидат и Италија и Австрија. За невремето посебно треба да се подготват Словенија и Хрватска, бидејќи таму студениот бран ќе погоди најсилно.

Најголемо количество на дожд се очекува во сабота навечер. Доколку сте планирале да го минете викендот во природа или на отворено, размислете повторно.



Поради овие врнежи би можело да дојде до растење на водостојот, но сепак нема простор за паника - нивото на реките може да биде малку повисоко од вообичаеното, но нема да дојде до големи изливања.

Наредната седмица во балканскиот регион се очекува нестабилно време со врнежи, но тоа не е невообичаено за овој период од годината.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О