На YouTube е објавено видео во кое едно малечко девојче со ножици ја исекло својата коса за да личи на својот татко. Тој, пак, ја снимил целата ситуација прашувајќи ја зошто го сторила тоа.
„Мама нема да се налути, ќе рече дека сум кул. Јас сакам да личам на татко ми“, вели ова преслатко девојче во видеото.
Останува да замислиме каква била реакцијата на мајката кога ги видела лицето и фризурата на својата ќеркичка.