„Богови на сексот”: Овие три хороскопски знаци не можат без акција

Ништо не им е непознато и не знаат да кажат „не“. Ви ги претставуваме трите хороскопски знаци кои не можат да живеат без секс.

Шкорпија

Кога љубовта, страста и сексот се во прашање, Шкорпиите секогаш се присутни и го водат главниот збор. Тие се алфа и омега во сексуалните вештини и лесно ќе ве воведат во својто свет на фетиши. Познати како одлични љубовници, Шкорпиите имаат и неодолива моќ на привлечност и многу силна харизма со која можат да привлечат кого сакаат, но и да го „натераат“ да игра по нивни правила. Ако случајно се најдете на метата од Шкорпија, знајте дека ќе „паднете“ кога-тогаш, а дека вашата ноќна авантура ќе биде крунисана со најинтересниот секс кој сте го имале.

Шкорпиите многу сакаат секси долна облека, па доколку сакате да ги заведете, знаете на која карта треба да играте.



Рак

Припадниците на овој знак се многу емотивни, но и страствени. Тие сметаат дека сексот е најдобриот начин за да се постигне блискост и многу се отворени и либерални. Не се плашат отворено да покажат интересирање и да предложат поинтимно запознавање. Меѓу Раковите има најмногу сексуални зависници кои тешко се справуваат со својот проблем. Многу се незаситни и дружењето со нив може да трае цела ноќ, но тоа уживање сигурно ќе го паметите.



Близнаци

Кралеви на фетишот. Точка. Многу страствените и перверзни Близнаци се исто така многу ретко верни, а имаат и проблем да останат во подолга врска или брак. Нив ги возбудува токму флертот и играта која води право во кревет каде што ги пуштаат сите свои 50 нијанси на настраност да испливаат на површина. Врзувањето особено ги возбудува, дополнително ако вклучува присуство и на трета личност. Обожуваат фантазии и секс преку телефон или камера, а често имаат и своја приватна видеотека со секси филмови. Чувајте се, затоа што тие се познати и како големи заводници кои не се откажуваат лесно од својот плен.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О