(ВИДЕО) Саше Политико: Oчигледно е дека Груевски сака и физички да се пресмета со неистомислениците

Ви ја пренесуваме изјавата на Саше Ивановски – Политико дадена за 24 Вести, каде зборува за вчерашниот напад пред зградата во која живее.


„ Oчигледно е дека Груевски сака да се пресмета со неистомислениците, веќе и физички. Досега имавме цензура, пропаганда, откази од медиуми, тужби… веќе ништо не им помага, и веќе тргнаа кон она класично путиновско, милошевиќ пресметување со неистомислениците. Ова нема да ме уплаши и спречи во она што го работам“, вели Ивановски.

Ве потсетуваме на вчерашниот текст на Ивановски напишан на порталотМактел каде раскажа за нападот со шипки.

Одев накај мојот автомобил паркиран на крајот на паркингот пред зграда. Беше 21.30 часот. Беше мртва тишина, немаше ниту коли ниту луѓе на паркингот. Слушнав бучава на луѓе кои трчаат кон мене позади грб. Се свртев видов двајца со кренати шипки и со качулки на главата. Инстантно знаев што ме чека. Се преплашив до смрт!

Ја кренав малата ташна кој ами беше во рака и почнав да се дерам на целиот глас мислам дека ја разбудив цела Кисела Вода! Почнаа да се палат светла и да излегуваат луѓе на тераса. Почнаа да пристигаат првите удари. По гради, по рамо, по раце и првите и по глава. Почнаа да скокаат за да ме погодат, почнав да скокам и јас и со ташната почнав да ги лупам по рацете и по фаците, едно тепање неколку секунди и бегање со вртење, бранење и трчање, удари, удари, почнаа по главата да ги чувствувам.

Но сепак, толку добро се бранев и толку бргу трчав што не им дадов шанса да ми зададат многу удари или па да паднам на земја, тогаш мислам деча ќе ми скршеа многу ребра, фацата ќе ми беше скроз уништена а главата ќе ми беше гарант скршена, можно е и да ме убиеа, затоа што беа упорни да ме погодат во глава, и неколку пати успеаја.


Жива среќа е што сум курпулентен што носев ташна и што брзо трчам затоа што десет години тренирав професионално фудбал. Инаку ќе бев тотално здробен а можно е и мртов! Од ударите не ми е пукната главата, значи добро е и што имам и дебела кратовска глава.

Не се сомневам ни малку дека ова е нарачка лично од Никола Груевски. Нема тој решение за мене, ни тужби ни откази не ме замолчуваат. И режимот реши да ме казни за сите незгодни прашања. Навистина е како ранет лав, и се спремни на се!

После ова ќе барам дозвола за пиштол. И ќе го носам со мене цело време во појас. И баш ќе уживам ако утепам неколку од овие скотови на Грујо. Затоа што овие гомнари само тоа заслужиле, куршум во главата!

Грујо, нема да не заплашиш. Ова се последните твои потези. За сето ова има да платиш, копиле едно скапано!

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О