Експертите кои ги анализирале сателитските фотографии од воената база Кангон, која се наоѓа во близина на главниот град Пјонгјанг, ги потврдиле наводите на Комитетот.
Опишувајќи го последниот пример на бруталност на севернокорејскиот лидер, Грег Скарлатио, извршен директор на Комитетот, вели дека при ваква егзекуција човековото тело буквално се претвора во прав.
"Секој кој видел колку штета може да направи една противавионска граната, знае колку е ова сурово. Сега, обидете се да замислите 24 вакви гранати на едно човеково тело. Од телото нема да остане ништо", вели Скарлатио.
Тој тврди дека ваквиот вид на погубување, кој се одвива пред публика, има за цел да ја понижи жртвата која буквално ќе биде "избришана од лицето на Земјата".
Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, оваа година наредил погубување на 15 високи службеници, бидејќи го довеле во прашање неговиот авторитет, соопштила неодамна Разузнавачката агенција на Јужна Кореја, на затворена седница во парламентот.
Во 2013-тата година, Ким Јонг Ун го погубил својот вујко Џанг Сонг Тек, вториот најмоќен човек во Пјонгјанг, поради корупција и злосторства кои наштетиле на државната економија. Заедно со него, погубиле и група негови најблиски соработници.