На фотографијата, наводно направена непосредна по акцијата во караулата Гошинце, се гледаат шест од деветте припадници на "кумановската група" од Косово, кои загинале за време на борбите со полицијата во Куманово.
На семејствата им биле предадени телата на Џафер Зимерај, Бег Ризај, Мирсад Ндречај, Валон Кабаши, Тургај Гаши, Самид Кастриот, Хисен Рушити, Фатлин Вишесел и Арбен Реџај.
Нивните тела се на обдукција во Приштина.
Еден од членовите на "кумановската група", Сулејман Османи, побегнал од притвор, а македонската полицијата веќе со денови трага по него.
Извесен број на поранешни припадници на ОВК, веднаш по бегството го прогласиле за предавник, но на негова страна застанале поранешни команданти на албанските герилци во Македонија, како Џезаир Шаќири.