Репортерот на “Коза ностра” им се придружи на провладините автокампери од контра-кампот подигнат пред Собранието на РМ, каде што протестираат поддржувачите на Владата. Тие се децидни дека остануваат овде се додека некој не им објасни зошто се овде.
– Сигурно има причина зошто сме овде. Мене од општинскиот ми рекоа, спиј Ацо сега, утре од комитетот навреме ќе те известиме за твоите цели. Јас имам уставно право на протест, контрапротест, како и на контракампување – вели камперот Ацо.
Сличен став делат и другите контракампери, кои исто така очекуваат наредните денови дамдознаат зошто се таму.