Доколку САД по терористичките напади во Куманово продолжат со исто темпо да ги поддржува Албанците, тоа би можело да доведе до формирање на Православен сојуз меѓу Македонија, Србија, Грција И Бугарија, пишува во најновиот извештај на ЦИА, пренесува српски "Курир".
Доколку САД и по терористичкиот напад во Куманово, продолжат со политиката на безрезервна поддршка на Албанците, доколку ЕУ и натаму молчи за оживување на проектот "Голема Албанија", тоа би можело да доведе до формирање на православен сојуз меѓу Македонија, Грција, Бугарија и Србија, и можеби до Трета Балканска војна!
Ова е заклучок во најновиот извештај на ЦИА за состојбата во нашиот регион, во кој администрацијата во Вашингтон се предупредува дека силната поддршка на Албанците, ги "турнала" православните земји во прегратките на Русија. Аналитичарите на ЦИА поради тоа предлагаат американските власти да го урамнотежат пристапот на Балканот, пишува Kurir.info.rs.
Разузнавачите во својот извештај предупредуваат дека сосема е можно Србија, Грција, Македонија и Бугарија да направат православен сојуз.
"Американските аналитичари пишуваат дека балканските држави, чии територии се загрозени од проектот "Голема Албанија", нема да седат со скрстени раце и мирно да гледаат како им се одзема територија. Во тој случај, Балканот ќе стане како Блискиот исток, а тоа никому не му одговара, па дури ни на САД", пренесува добро известен дипломатски извор, пишува Kurir.info.rs.
"Доколку таков сојуз се случи, не верувам дека САД тоа ќе го гледа мирно. Србија имала сличен сојуз пред Првата светска војна, кога војувала со Турција", потсетува српскиот аналитичар Џорџе Вукадиновиќ.
Чедомир Антиќ, од Напредниот клуб, нагласува дека повеќе од една деценија постои идеја за здружување на Балканот.
"Дури и кога би се појавила таква идеја, САД веднаш би ја спречиле. Сепак, таков Сојуз треба да постои, бидејќи би опстанал и во случај ЕУ да пропадне", рекол тој.