Како што јави дописникот на МИА, станува збор за Ервин Хасанај ,кој заедно со семејството во Сирија заминал во 2013 година.
Според тиранскиот весник „Шекули“, за Сирија го регрутирал и преку аеродромот во Тирана за Истанбул бил испратен од самопрогласениот имам Бујар Хиса од џамијата во селото Мезез, кој една година е во притвор во најобезбедуваниот затвор во Тирана.
– За да биде поубедливо дека оди на семејно патување, со Ервин, сопругата и двете мали ќерки на возраст од две и четири години, биле и братот и мајката на сопругата на Ервин. Сите отпатувале за Истанбул на 11 ноември 2013 година, а по шест дена шурата и тештата на Ервин се вратиле назад во Албанија, наведува „Шекули“.
По езекуцијата на Хасанај, неговото семејство останува и натаму во Сирија, додава весникот.
Информациите, според „Шекули“, се добиени по оперативен пат од страна на албанската тајна служба ШИШ, која потврдува дека официјално Хасанај е 17-тиот загинат албански државјанин од најмалку стотина колку што се на боиштата во Сирија и Ирак.