Идејата е конвенционалниот изглед на авионскиот ентериер да се замени со динамична и флуидна архитектура во која традиционалната поделба на под, ѕидови и плафон се губи.
Покрај тоа, замислено е целокупниот изглед на авионската кабина да го рефлектира дизајнот на Mercedes за луксузните лимузини, како деталите од темни материјали кои се инспирирани од формата на екраните на мултимедијалниот систем и инструмент таблата на Mercedes S-Class.
Двете германски партнерски компании, планираат своите идеи да им ги понудат на VIP клиентите кои сакаат едноставен и модерен дизајн на својот луксузен приватен авион.