Секогаш гламурозна: Таа повторно воодушеви на црвениот тепих

Се чини дека сите ѕвезди, откако започна филмскиот фестивал во Кан, се упатиле токму таму.



Иако неодамна ја раскина седумгодишната врска со возачот на Формула 1, Луис Хамилтон, пејачката Никол Шерзингер продолжила понатаму.



Па така, поубава од било кога, се појавила во Монако на забавата "Champ’Seed“ каде што носела елегантна црна сирена тоалета, која на нејзината витка линија прилегала и повеќе од совршено.



Асиметричниот топ и сребрените детали на тоалетата само допринеле за нејзиниот фантастичен изглед, додека вистинско освежување е нејзината нова боја на коса, која е се` попопуларна кај познатите ѕвезди.



Драматичниот изглед Никол го истакнала со темно црвен кармин, а пејачката сигурно била нервозна додека била на посета во Монако, со оглед на тоа што можела да наиде на поранешното момче кое се подготвува за "Grand Prix“.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О