На фотографиите на кои се гледа како купува карти на аеродромот во Лос Анџелес се гледа нејзиниот беспрекорен тен без речиси ниедна брчка.
Популарната актерка во истата прилика ја покажала својата заносна фигура и затегнати нози, поради кои никој не би поверувал дека таа штотуку зачекори во шестата деценија од животот.
Одличната шминка и тесниот фустан само го комплетирале нејзиниот, и онака фантастичен изглед. Инаку, атрактивната „кугарка“ никогаш не криеше дека користи ботокс.
„Отсекогаш бев отворена за нови работи. Зошто да не пробам нешто ново, особено ако тоа ме направи поубава“, изјави Кортни во едно интервју.
Популарната актерка исто така додаде дека покрај ботоксот користи и други методи за подмладување, за кои мора да признаеме дека очигледно одлично функционираат. Сепак, Кортни призна дека тешко ѝ паднало кога наполнила 50 години.
„Тоа навистина тешко ми падна. Мислам дека на ниту една жена не ѝ е сеедно кога ќе наполни одредени години и не може повеќе да има деца. Гинекологот во една прилика ми кажа дека породил жена која имала 48 години, но таквите ситуации се прилично ретки“, објаснува таа.
Кортни, во истото интервју, кажала дека има чувство дека после 50-тата година се` се случува многу побрзо, а дека токму поради тоа тие години се многу пострашни.
„Понекогаш имам чувство дека преку ноќ сум се променила и остарела“, признава Кортни.