Извршниот директор на компанијата DuckDuckGo која е сопственик на интернет механизам за пребарување, Гејб Вајнберг, тврди дека инкогнито сурфањето на интернет во вашиот интернет пребарувач и не е толку анонимно.
Моудот за „приватно“ сурфање, познат и како „порнографски моуд“, воопшто не е толку приватен.
Доколку ја активирате оваа опција (не е важно дали зранува збор за Chrome, Firefox или Explorer), вашиот пребарувач се погрижува вашите пребарувања да не останат на компјутерот кој го користите.
Вашиот цимер, девојка или пријатели не можат само да го уклучат компјутерот и веднаш да откријат што се` правите на интернет, но многу други можат! Како на пример, сајтовите кои ги посетувате и мрежите кои ви пласираат реклами. Значи, што всушност се случува кога ќе отворите инкогнито прозорец во пребарувачот?
Google е прилично директен за тоа што се случува. Chrome нема да ја чува историјата на сајтови кои сте ги посетиле во инкогниот моуд, но работите не се целосно приватни. Кога ќе го отворите овој прозорец, компанијата ве предупредува дека „инкогнито сурфањето нема да ги сокрие вашите оактивности од шефот, интернет провајдерот или сајтовите кои ги посетувате“.
Па дури и самиот Google може да види што правите, особено ако се логирате на некоја негова апликација додека сурфате анонимно. Доколку не сте ја исклучиле, или паузирале веб историјата на Google, вашата активност може да биде забележана дури и кога Chrome е во инкогнито моуд.
Firefox има речиси исто предупредување. Internet Explorer и Safari немаат почетно предупредување и само ви даваат краток преглед на работите кои ќе бидат зачувани на компјутерот кога ќе се уклучите на анонимната опција.