Мисини најавува дека освен без храна, ќе штрајкува и без вода ако за 24 часа не се ослободат мигрантите од Гази Баба

Суад Мисини кој веќе четврти ден штрајкува со глад поради ситуацијата со мигрантите во Македонија најавува радикализарање на штрајкот. Ви го пренесуваме неговиот Фејсбук статус објавен денеска.



Ова е четвртиот ден од мојот штрајк со глад.

Властите не обезбедија никаков повратен одговор за моето трето барање: ослободување на притворените лица во центарот во Гази Баба и негово затворање.

Ситуацијата во центарот е неподнослива и потребен е одговор веднаш.

Барам премиерот Груевски јавно да го објави својот став во врска со ова прашање ВО РОК ОД 24 ЧАСА: дали оваа криза ќе се реши или не.

Доколку не даде дефинитивен став, тоа ќе предизвика мојата штрајк да биде целосен: не само без храна, туку и без вода.

Исто така, ако мојата состојба се влоши, одлучно ќе одбијам, било каква медицинска интервенција.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О