Дали ова е најсилната трудница во светот?

Софи Гвидолин е манекенка и фитнес тренер, која е трудна шест месеци со близнаци, но тоа не ја спречува да продолжи со физичката активности три пати неделно да посетува фитнес сала и да подигнува голема тежина на тегови.



Иако добила зелено светло за вежбањето од нејзиниот доктор, реакциите на луѓето на интернет се негативни. Таа одговара дека доколку за некој тие вежби и тежината која ја подигнува се проблем, за неа не се, бидејќи истото го правела и пред бременоста. Смета дека секоја жена, особено во бременоста, треба да ги сфати бенефициитена вежбањето и здравиот начин на живот.



Софи вели дека сега крева половина од тежината на тегови од претходно, редовно го мери пулсот и прави поголеми паузи меѓу вежбите. Таа изгледа одлично и е во врвна здравствена состојба.



Ова што целосно ги руши митовите за физичката активност за време на бременоста - трудниците не треба само да лежат и одмараат, напротив, треба да продолжат со физичката активност со тоа што ќе направат измени и прилагодувања на вежбите.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О